Во Тетово околу 300 студенти ќе може да се сместат во изградениот објект кој сега се опремува

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година, соопшти Министерството за образование и наука.

„Градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат да студираат на овој државен универзитет и ќе имаат потреба од сместување“, информира МОН.

Увид во активностите изврши министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со заменик-министерот Агим Нухиу, ректорот на универзитетот проф. д-р Куштрим Ахмети и претседателот на универзитетскиот сенат проф. д-р Вулнет Амети.

Шаќири информираше дека се работи за крупна инвестиција која ја реализира Министерството за образование и наука и е во последна фаза на реализација. Ќе следува партерно уредување и приклучување на студентскиот дом на водоводната и електрична инфраструктура во градот.

Како што соопшти МОН, министерот изјави дека Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус.

– Освен објектите во кои се изведува наставно-научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Тука недостигаше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет –  изјави Шаќири.

Новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти, информира МОН.

Share This Article