Во Тетово и во Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на загадување откако денеска е измерено алармантно загадување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Тетово и во Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на загадување откако денеска е измерено алармантно загадување.

Надминат е прагот за алармирање за присуство на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg/m3 во текот на два последователни денови) на мерните места во Тетово и во Гостивар.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на прагот на алармирање.

Министерството за животна средина и просторно планирање доставило информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институтот за јавно здравје и до општините  Тетово и Гостивар.

Share This Article