Судскиот совет на денешната 436-та седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово. Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против. На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација.
Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Апелационен суд Гостивар. Со осум гласа „за“ нови судии ќе бидат Даут Рустеми и Александар Милошески.
Судијата Даут Рустеми од Основниот суд Гостивар, беше петорангиран, но со оглед дека првите тројца рангирани кандидати не го добија потребниот број гласови, а четврторангираниот ја имаше повлечено својата кандидатура, тој беше избран со 9 гласа „за“ и 3 гласа против.
Судијата Александар Милошески, од Основниот кривичен суд Скопје, беше шесторангиран, од вкупно 12 кандидати и со 10 гласа „за“ и 2 против, беше избран за судија во Апелационен суд Гостивар.
Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.
Во Вроховнит суд во Скопје денеска беа избрани две судијки за граѓански предмети.