Во текот на вчерашниот ден, поради дефект на Блок 2 на РЕК Битола, комбинатот не произведува струја и во моментов се работи на отстранување на причината за испад на блокот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во текот на вчерашниот ден, поради дефект на Блок 2 на РЕК Битола, комбинатот не произведува струја и во моментов се работи на отстранување на причината за испад на блокот, потврдија од АД ЕСМ за МИА.

– Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2. Комбинатот во овој период, согласно намалената побарувачка на електрична енергија од потрошувачите и планот за производство на АД ЕСМ, работеше со еден блок заради неопходноста од испуст на дел од акумулациите на хидроцентралите – велат од АД ЕСМ.

Оттаму додаваат дека потребата за електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем се задоволува од сопствените производствени капацитети.

Во меѓувреме, се очекува вечерва еден блок да биде на мрежа, а штом се случи тоа, јавноста ќе биде известена, дополнуваат од АД ЕСМ.

Share This Article