More

    Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор

    spot_img

    Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор.

    „Благодарение на хуманиот чин, храброста и на емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа“, соопшти Министерството за здравство.

    – Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донор. Му изразувам посебна благодарност на семеството на донорот, кое во најболен момент на лична загуба, реши да ги донира органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Им изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација – изјави националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска.

    „За жал, поради ретката крвна група, овој пат на националните листи немаше реципиенти за другите органи. Трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот. Но, таа не може да се случи доколку не постои актот на органодарување. Само благодарение на храброста, несебичноста и на емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Да се подари органи, значи да се подари некому втора шанса за живот“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img