Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св.Наум Охридски Скопје“, дознава Охридскај . Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде треба да му биде извршен оперативниот зафат. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Јовановски-Боки 13 ја потврдува информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција која е ризична за здравјето и животно-загрозувачка.
„По завршување на сите медицински испитувања, денеска во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, се извршува хируршка интервенција врз Бојан Јовановски од страна на тим од повеќе специјалисти – хирурзи. Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција која е високо ризична и животно загрозувчка, на чии последици повеќе пати навремено писмено укажуваа лекарите специјалисти од областа“, вели адвокатот Туфегџиќ.