More

    Во тек е бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и за ХИВ

    spot_img

    Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола“ од вчера почна заедничка кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

    Од мобилната медицинска екипа информираат дека во Скопје за два и пол часа се направени 150 прегледи со фиброскен. Кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза и тие веднаш биле упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастроентерохепатологија.

    Мобилната екипа денеска беше во Гостивар – од 9 до 11 часот, а попладне бесплатен скрининг ќе може да направат граѓаните од Тетово, во периодот од 17.30 до 19.30 часот.

    Утре, среда, мобилната екипа ќе биде лоцирана во Штип и во Струмица. На градскиот плоштад во Штип бесплатно тестирање ќе се врши од 9 до 11 часот, а попладне граѓаните од Струмица ќе имаат можност за превентивен преглед од 17.30 до 19.30 часот.

    Во следниот период тестирањата ќе продолжат во Струга, Охрид, Битола и во Кавадарци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img