Во станбена зграда во Турција експлодира гасна централа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени во експлозија на гасна инсталација во станбена зграда во градот Чорум, северна Турција, соопшти градоначалникот Али Чалгaн за турската радиотелевизија ТРТ.

Градоначалникот посочи дека состојбата на тројца од повредените е критична.

Експлозијата се случила на еден од катовите во петкатната зграда на централната улица „Османџик.“

Пожарната служба информира дека причината за експлозијата најверојатно е дефект во гасната инсталација на зградата. Поради празничниот ден, повеќето жители биле дома.

Настанот предизвика штета и на соседните објекти и автомобили. Жителите на зградата се евакуирани, а населбата е обезбедена.

Формирана е комисија за истрага на причините за експлозијата.

Share This Article