Во српскиот град Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпил, а повредени се 13 деца, а според други медиуми, шест деца, пренесува српски Б92.
Животот на едно девојче наводно е во опасност и има сериозни повреди на главата и на кичмата, а и едно 13-годишно момче наводно е во кома, но постојат конфликтни информации за бројот на повредените деца и сериозноста на повредите, според објавата на Б92.