Во средно училиште во Далас имало оружен напад во кој според првичните информации, повредено е најмалку едно лице.
Бројни полициски сили реагираа во петокот наутро по локално време на пукањето што беше пријавено во средното училиште Вилмер-Хачинс во југоисточен Далас, објави WFAA, цитирајќи извори од службите за итни случаи. Неофицијално, еден ученик е повреден, но не се знае неговата состојба.
Полициски извори изјавија дека осомничениот бил уапсен набрзо по нападот, но детали за инцидентот сè уште не се достапни.
Извори за WFAA изјавија дека осомничениот побегнал кон фудбалското игралиште на училиштето, каде што бил уапсен.
На паркингот во училиштето се забележани неколку возила на брза помош и противпожарни возила, како и неколку полициски автомобили околу училишниот кампус.