More

    Во средата копнениот персонал на Луфтханза најави еднодневен штрајк

    spot_img

    Во услови на невиден хаос на германските аеродроми предизвикан од лошата организација и недостиг на персонал, синдикатот на услужните работници Верди го повикува персоналот на Луфтханза на еднодневен предупредувачки штрајк во среда.

    Нашите барања за зголемување на платите се повеќе од оправдани со оглед на инфлацијата, оптоварувањето и долгорочното незголемување на платите“, изјави потпретседателот на синдикатот Верди и шеф на преговорите со Луфтханза Кристијане Бехле.Претставниците на Луфтханза го нарекоа предупредувачкиот штрајк „целосно несоодветен“, особено имајќи предвид дека компанијата веќе понуди, како што беше речено, „повеќе од разумен“ пакет за вработените во тековните преговори.

    Верди бара зголемување на платите за 9,5 отсто за 20.000 вработени во копнениот сектор на Луфтханза.

    Можен е штрајк на пилотите на Луфтханза и овој месец, со оглед дека преговорите со оваа група вработени се во тек, а според информациите на синдикатот тие се „во ќорсокак“.

    Германските аеродроми доживуваат хаотични сцени од почетокот на празничната сезона, со повеќечасовни чекања и бројни откажувања на летови поради недостиг на персонал, особено работници во безбедносниот сектор.

    Многу вработени на германските аеродроми беа отпуштени за време на пандемијата, и покрај владината помош за авиокомпаниите, а многумина во меѓувреме најдоа вработување во други сектори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img