More

    Во среда, на 24 април, во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Заечар ќе почне ново сослушување сведоци кои би можеле дополнително да ги расветлат околностите во кои починала 2-годишната Данка Илиќ од Бор

    spot_img

    Во среда, на 24 април, во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Заечар ќе почне ново сослушување сведоци кои би можеле дополнително да ги расветлат околностите во кои починала 2-годишната Данка Илиќ од Бор, пишува српски Б92.

    Меѓу сведоците е и таткото на осомничениот Срѓан Јанковиќ, Душан Јанковиќ, кој се брани со молчење, потврдуваат од ВЈО во Заечар.

    – Досега се сослушани 14 сведоци. Сослушувањето на сведоците ќе продолжи од среда, на 24 април. Во интерес на истрагата, не можеме да кажеме уште колку сведоци ќе бидат сослушани – наведуваат од ВЈО во Заечар.

    Обвинителството потврдува дека во тек е вештачење биолошки траги од службеното возило кое го користеле осомничените Срѓан и Дејан, а и дека анализите ѝ се доверени на референтната стручна институција за вештачење ДНК. Иако добар дел од трагите и од доказите веќе е извештачен, извештаите сѐ уште не пристигнале во Заечар.

    Притворот на двајцата осомничени истекува на 3 мај, а на Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан кој се брани со молчење, на 5 мај. Потоа ќе се донесе одлука за евентуално продолжување на притворот.

    На 26 март во Бањско Поље, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја удриле Данка со службено возило „фиат панда“, ја задавиле и ја фрлиле на дива депонија на Старобањски пат. Телото на девојчето, по кое се трага од 4 април кога признаа дека ја убиле, сѐ уште не е пронајдено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img