Во Србија во изминатите седум дена 3.288 лица биле позитивни на корона вирусот, објавено е денеска на веб-страницата ковид 19.рс.
Тестирани се 15.791 лице, нема хоспитализирани или смртни случаи поради последиците од инфекцијата, пишува на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија.
Билансот на состојба се објавува еднаш неделно, а следниот ќе биде на 4 јануари 2024 година.
На 21 декември властите објавија дека 3.704 лица биле позитивни на корона вирусот во Србија во изминатите седум дена.
Во таа недела беа тестирани вкупно 16.859 лица, немаше хоспитализации и нема смртни случаи.
Според податоците објавени на 14 декември во Србија во изминатите седум дена, 4.704 лица биле позитивни на корона вирусот, од 19.304 тестирани.