Сузана Кучина од Горњи Милановац во Србија, во саботата го роди синот Павле, бебето кое ги урна рекордите. Малиот Павле се роди со 6,5 килограми и 68 сантиметри, па нејзините сограѓани се пошегуваа дека среќната мајка може детето од родилиште да го носи директно во училиште.
Бебето кое собори рекорд ги изненади мајката, лекарите и сограѓаните кои не паметат дека се родило вакво големо бебе.
– Знаевме дека е големо бебе, но не знаевме дека е толку големо. Очекувавме да тежи преку 4 килограми, но не изненади кога се роди – изјави мајката на Павле за српските медиуми.
Доктор Драган Перишиќ ја водел бременоста на Сузана и го извршил породувањето кое, како што вели, поминало без компликации
– Бебето се роди со тежина од 6,5 килограми, должината на бебето е 68 сантиметри, а обемот на главата е 38 – појасни гинекологот што го извршил породувањето.