Полициските службеници на граничниот премин Табановце ги пропуштаат граѓаните за излез од Македонија кон Србија и со лични карти кои се со името „Република Македонија“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска го посети граничниот премин Табановце нагласи дека граѓаните имаат право доколку бидат спречени да остварат излез, да добијат писмено образложение со причините за тоа.
Министерот кратко ги поздрави и одговорните полициски службеници од српската гранична полиција кои потврдија дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено и во таа насока се заблагодари за одличната соработка на српското министерство.