More

    Во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е извршена првата операција на ‘рбет, со употреба на најновата генерација роботски микроскоп

    spot_img

    Во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е извршена првата операција на ‘рбет, со употреба на најновата генерација роботски микроскоп.

    Како што објави на својот Фејсбук профил неврохирургот д-р Митре Милошевски, со извршениот зафат установата држи чекор со најголемите вертебролошки центри.

    „Со над 120 вертебролошки и операции на нерви и на отворен мозок ‘Св. Еразмо’ е рамо до рамо со клинички центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура која дава огромна сигурност на операциите и значајно го скратува нивното времетраење. Пациентите, медицинскиот тим и хирурзите го заслужуваат тоа“, напиша Милошевски на својот Фејсбук профил.

    Тој истовремено изразува надеж дека после оваа операција и соодветен тренинг болницата ќе биде опремена со таква модерна апаратура со што ќе се смести во редот на најсовремените центри за вертебрологија во Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img