Во Софија се протестира против можните нови испораки на руски гас

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вечерва се одржа нов протест пред бугарското претседателство против обновувањето на испораките на природен гас од „Газпром“, кои еднострано беа прекинати од рускиот монопол поради одбивањето на Бугарија да го исполни барањето за плаќање во руски рубљи, јави дописникот на МИА од Софија.

Демонстрантите извикуваа „Радев, надвор!“. Бугарскиот претседател Радев беше исвиркан и започна протест за поддршка на Украина со основни барања да не се обновуваат врските на Бугарија со „Газпром“ и да се организираат фер предвремени парламентарни избори.

– Бугарската демократија мора да се брани секој ден, но претседателот Радев се обидува да ја покори – им порача на демонстрантите блогерот и политички коментатор Асен Генов. Според него, претседателот владее со Бугарија од ТВ, по примерот на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун и Русинот Владимир Путин.

Претседателот, според познатиот блогер, се јавувал на вршителот на должноста премиер на Бугарија и неговите министри и им наредувал што и како да прават. Лидерот на граѓанското движење БОЕЦ Георги Георгиев, кој учествуваше на денешниот протест, рече дека започнува петиција за соборување на Румен Радев од функцијата претседател на Бугарија.

Организаторите на протестот, кој е насловен #ГАЗwithme, најавија дека очекуваат одговори од претседателот Румен Радев за испораката на гас и за укинување на монополот на руските енергетски компании „Газпром“ и „Лукоил“ во Бугарија.

Демонстрантите соопштија дека испратиле седум прашања до официјалната влада на Бугарија и до политичарите за актуелните проблеми за земјата, а одговори добиле само од двете партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“.

фото: МИА

Share This Article