More

    Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година

    spot_img

    Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на Собранието.

    Владата го усвои Предлог-буџетот на 29 октомври и во него економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7%, буџетскиот дефицит на 4% од БДП, а инфлацијата на 2,2%.

    Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари или за 13% повеќе, а порастот се темели на поефикасната наплата и борбата со неформалната економија. Вкупните расходи се на ниво од 400,2 милијарди денари или за 10% повеќе во однос на годинава, а дефицитот е на ниво од 41,3 милијарди денари и номинално е понизок за 3,3 милијарди денари.

    Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со Предлог-буџетот се поставени темелите за стабилизација на јавните финансии и економскиот раст. Тој содржи политики и мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење, како и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст.

    Во Предлог-буџетот, според министерката, се намалуваат средствата за непродуктивни трошења како што се ставките за мебел и возила, а обезбедени се средства за поддршка на животниот стандард на граѓаните, односно средства за зголемување на пензиите за 2.500 денари во март за што се предвидени 105 милијарди денари. За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливите категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 5,2 милијрди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.

    Опозицијата најави дека нема да даде поддршка на Предлог-буџетот затоа што според нив тој е нереален и неразвоен. Пратениците од СДСМ поднесоа над 200 амандмани.

    И од Демократската унија за интеграција (ДУИ) оценија дека Предлог-буџетот е неразвоен, има зголемување на буџетските расходи, а јавниот долг ќе се зголемува уште повеќе.

    Комисиската расправа, според новиот Деловник, би можела да трае до 30 ноември по што Предлог-буџетот треба да биде донесен на пленарна седница. Претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека во втората половина на декември се очекува Предлог-буџетот да се најде на пленарна седница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img