Во Словенија е откриена салмонела во пилешки крилца со потекло од Хрватска, објави Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна РАСФФ.
РАСФФ наведува дека ризикот од конзумирање е сериозен, а од месото загадено со бактерии биле земени мостри на 23 август, потврди инспекција од Словенија, пренесува Дневник.хр.
Во европскиот систем наведуваат дека во моментов нема залиха од тоа потенцијално заразено месо и дека веројатно, две недели по земањето мостри, веќе го нема ниту на пазарот.
Не е јасно дали заразените пилешки крилца биле консумирани или навреме биле повлечени од продажба.