Во следните три до четири недели нема да се одржи судска седница за предметот во кој главен обвинет е Мухамед Зеќири

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во следните три до четири недели нема да се одржи судска седница за предметот во кој главен обвинет е Мухамед Зеќири. Кривичниот суд преку соопштение нагласи дека рочиштата ќе се одложат поради, како што велат, дестабилизација на психичката состојба на обвинетиот Мухамед Зеќири.

„До судот е доставено новото вештачење на вештакот – психијатар, според кое поради дестабилизирање на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува судењата да се одложат за следните три до четири недели“, соопштени Кривичниот суд.

Судењето за овој случај започна во ноември 2022 година, но оттогаш рочиштата беа неколкупати откажувани и одложувани, главно поради психичката состојба на Зеќири. Инаку, тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за повеќе од еден милион евра.

Share This Article