Поради најавените неповолни временски услови во текот на наредните денови, авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци најавена за 16.09.2022 година (петок) и за 17.09.2022 година (сабота) се поместува и ќе се одвива на 15.09.2022 година (четврток) и на 16.09.2022 година (петок), во раните утрински часови, соопшти Град Скопје.
Доколку временските услови дополнително се влошат и не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.