Утрово најстудено е во Берово каде што се измерени -8 степени, -6 степени било во Маврови Анови, -5 во Битола, Струмица и Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Прилеп, Демир Капија и Крива Паланка, -3 во Кавадарци, Велес, Охрид, Претор, Дебар и Крушево, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Попова Шапка, 4 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово, изнесувала 51 сантиметар во Маврови Анови, 50 во Попова Шапка и 22 во Крушево.
Времето изутринава е сончево, но студено. Појава на слаба магла има само во Демир Капија. На повисоките места дува слаб ветер претежно од северен правец.
Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.