Во Сирија конечно може да пристигне хуманитарна помош по катастрофалниот земјотрес

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американското Министерство за финансии објави шестмесечен прекин на санкциите воведени кон Сирија за да дозволи помош за земјата, која е тешко погодена од катастрофалните земјотреси во соседна Турција.

Доколку министерството не ја донесеше оваа одлука, помошта немаше да може да стигне до Сирија, бидејќи ќе беше забранета со санкциите против таа земја, јави ДПА.

– Во време кога меѓународните сојузници и хуманитарни партнери се мобилизираат за да им помогнат на погодените, сакам многу јасно да кажам дека американските санкции во Сирија нема да им пречат на спасувачките напори за сирискиот народ – рече заменик-секретарот за финансии Воли Адејемо.

Санкциите наметнати од САД и Европската унија го отежнуваат извозот во Сирија, каде веќе 12 години има граѓанска војна.

Share This Article