Во серија експлозии во шест магацини за пиротехнички материјал во близина на главниот град на Бугарија, Софија, загина едно лице, а друго е повредено, изјави денеска министерот за внатрешни работи Калин Стојанов.
Две други лица (на возраст 22 и 60 години) се водат како исчезнати.
Експлозиите – од кои првата беше регистрирана синоиќа – во градот Елин Пелин во близина на Софија предизвикаа голема тревога при што властите евакуираа 150 луѓе.
Местото на инцидентот го надлетува воен хеликоптер.
Истрагата ја води Окружното обвинителство на Софија.