More

    Во руски воздушен напад во Запорожје загинаа неколку лица, повредена е и една трудница

    spot_img

    Украинската полиција во соопштение соопшти дека руска ракета уништила повеќе од десет станови во повеќестанбена зграда во Запорожје „каде што луѓето мирно спиеле“ во текот на ноќта. Досега од урнатините се извлечени шестмина повредени и телата на три лица.

    Најмалку три лица загинаа, а шест се ранети во руски воздушен напад врз станбена зграда во градот Запорожје во јужна Украина во текот на ноќта, соопштија денеска локалните власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот, оценувајќи дека Украина ја има под контрола ситуацијата на фронтот.

    Фотографиите објавени од украинските спасувачки служби покажуваат дека луѓето се извлекувани од урнатините од пожарникарите. Успешно спасиле 11 лица, меѓу кои и една трудница, која била пренесена во болница, јавува шпанската новинска агенција ЕФЕ. Потрагата по исчезнатите се уште е во тек.

    Украинскиот претседател Зеленски го осуди нападот како „чин на терористичка држава која сака секој ден да стане ден на терор“. „Но, злото нема да победи во нашата земја. Ќе ги избркаме сите окупатори и тие ќе одговараат за се“, додаде тој во објавата на мрежата Телеграм.

    Во своето редовно вечерно обраќање во средата, Зеленски рече дека украинските сили ги „контролираат сите области на фронтот“. Тој додаде дека жителите на градовите и селата во задниот дел на фронтот на југот и на истокот на Украина сè уште се „жртви на рускиот терор“ и секојдневно страдаат од руските напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img