Во првите 100 дена војна овие енергенси ги продаваат за 60 отсто поскапо

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси по милијарда евра дневно, односно 93 милијарди за првите 100 дена војна заработила Русија од извозот на нафта и гас, по цена која е за околу 60 отсто поскапа од ланската, покажа новото истражување на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот (КРЕА) во Финска. Две третини од целиот извоз на деривати на Русија оди во ЕУ, пренесува Б92.

Некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемија увозот на фосилни горива од Русија.

– Додека ЕУ размислува за построги санкции кон Русија, Франција го зголеми увозот и стана најголемиот светски купувач на природен гас – рече Лаури Милијирта, аналитичарот на КРЕА.

– Со оглед на тоа што повеќето од овие набавки не се однесуваат на долгорочни договори, тоа значи дека Франција свесно одлучила да ја користи руската енергија по нападот на Украина-додаде таа.

Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина,12,6 милијарди евра, Германија со 12,1 милијарди евра и Италија (7,8 милијарди евра), според извештајот објавен од АФП, а пренесен од Индекс.

Најголем дел од приходите на Русија од фосилните горива се поврзани со сурова нафта, околу 46 милијарди евра, а потоа следи гасот што Русија го извезува преку гасоводи, нафтени деривати, природен гас (ЛНГ) и јаглен.

Иако рускиот извоз на фосилни горива се намали во мај, бидејќи многу земји и компании го намалија увозот на руска енергија поради нападот врз Украина, глобалниот раст на цените на фосилните горива продолжи да го полни рускиот буџет, при што приходите од руските фосилни горива достигнаа рекордно ниво.

Share This Article