More

    Во првата половина од годинава, Албанија имала најголем број баратели на азил во ЕУ во споредба со земјите од Западен Балкан

    spot_img

    Во првата половина од годинава, Албанија имала најголем број баратели на азил во ЕУ во споредба со земјите од Западен Балкан, наведува весникот “Монитор”.

    Статистичките податоци на Европската агенција за имиграција покажуваат дека 4.779 албански граѓани поднеле барање за азил во земјите на ЕУ. Во извештајниот период барање за азил поднеле 3.603 македонски,  2.570 српски,  851 босански и 179 од црногорски граѓани – стои во анализата на весникот.

    Се оценува дека трендот на барања за азил од Албанците и понатаму останува многу висок во споредба не само со земјите од регионот, туку и пошироко.

    Масовната миграција, условува голем недостиг на работна сила во земјата,  поради што бизнисите губат можности за проширување. Пензискиот систем е изложен на ризик поради намалувањето на работната сила што плаќа осигурување – констатира весникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img