ВО ПРИТВОР ПОЧИНА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Осомничениот Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кому вчера му беше одреден притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помагал на својот брат Дејан Драгијевиќ (50), осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, починал во раните утрински часови.

Нему му се слошило во притвор, па и покрај навремената реакција на полициските службеници и на лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе со реанимација, тој починал во 3.10 часот. Лекарите  констатирале природна смрт, објави Блиц.

За настанот веднаш е известено Вишото јавно обвинителство во Заечар, кое нареди обдукција во Институтот за судска медицина во Белград.

Итната помош рано денеска пристигнала пред куќата на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на Данка Илиќ (2). Како што јавуваат новинарите на „Блиц“ од местото на настанот, неколку болничари влегле во куќата во селото Злот кај Бор. Се претпоставува дека во куќата моментно е само мајката на Дејан Драгијевиќ, бидејќи вчера беа уапсени неговиот татко и брат под сомнение дека помагале да се сокрие телото на убиената Данка Илиќ.

Убиецот го признал убиството на Данка, а потоа ги обвинил татко му и братот.

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои беа уапсени под сомнение за убиството на Данка Илиќ, беа сослушани во петокот вечерта, а вчера беа приведени. Драгијевиќ пред обвинителот го признал делото, а Јанковиќ се бранел со молчење. Потоа на двајцата им беше одреден притвор до 30 дена.

Во меѓувреме полицијата ги уапси Раде и Далибор Драгијевиќ, таткото и братот на Дејан Драгијевиќ, под сомнение дека му помагале да го премести телото на убиената девојка.

Share This Article