За 5 месеци на неколку патни правци во општина Прилеп се укртени 76 сообраќајни патни знаци.
Кражбата во полицијата во Прилеп ја пријавил С.В. вработен во Македонија Пат – Прилеп, а сторителите се непознати.
Според пријавата, во период од 20.06.2023 до 06.11.2023 година знаците се украдени на делови од регионалните птани правци Прилеп-Македонски Брод и Прилеп-Крушево, како и на локалните патни правци Прилеп-Тополчани и Прилеп-Фариш.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.