Во прекин е возот на линијата Скопје-Табановце од 23 јули поради недостиг на машиновозачи, соопшти ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.
– Линијата Скопје-Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостиг на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје-Табановце-Скопје да се нормализира во август 2022 година – велат од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.
Кумановци и жителите на селата кои патуваат за Скопје укажуваат дека имаат месечни билети за возот и дека ќе бараат поврат на средствата. Тие бараат побрзо да се реши проблемот, бидејќи цената на дневниот билет и повратна карта со воз е поевтина од превозот со автобус.