More

    Во последниве пет години за петпати е намалена смртноста на предвремено родените деца, односно од 25 отсто во 2016 година на 5,6 отсто во 2023 година

    spot_img

    Во последниве пет години за петпати е намалена смртноста на предвремено родените деца, односно од 25 отсто во 2016 година на 5,6 отсто во 2023 година, што се должи и на сериозните напори на Владата за инвестирање во подобрување на условите во здравствените установи, соопшти владината прес-служба.

    „Денеска се одбележува Светскиот ден на предвремено родените деца – 17 ноември. Владата на Република Северна Македонија се приклучува кон одбележувањето на овој ден, со цел да се подигне свеста за предизвиците и за товарот на предвременото породување и како да се овозможат најдобрите здравствени услови за предвремено родените деца да преживеат и да напредуваат. Разбирајќи ја потребата за соодветна грижа на предвремено родените деца, Владата на Република Северна Македонија посветено работеше и продолжува да работи на обезбедување на сите неопходни услови во здравствените установи за да се излезе во пресрет на потребите на овие деца“, пишува во соопштението.

    Трендот на зголемени вложувања во капиталните инвестиции во здравствениот сектор и стимулирање на работата на вработените во јавните здравствени установи со зголемени плати, се додава во соопштението, ќе продолжи и понатаму.

    „Еден од врвните приоритети на Владата на Република Северна Македонија е создавање на соодветни услови за здрав и квалитетен живот на сите наши граѓани“, истакнуваат од владината прес-служба.

    – Прематуритетот останува глобален проблем и водечка причина за смртност на деца до петтата година, додека дел од преживеаните деца се борат со тешки компликации по здравјето. Бројките зборуваат за драстичен пад на процентот на смртност кај предвремено родените бебиња, на што сме особено горди, а тоа се должи на навистина огромниот ангажман на целиот персонал од одделот за неонатална интензивната нега (ОИНТ) и на сериозната инвестиција во персонал, знаење и во најсофистицирана и најсовремена апаратура. Прочистениот број на смртност (предвремено родени бебиња над 26 гестациска недела) годинава е 1,38%, а 2022 година ја завршивме со 2,4 %. За одбележување е дека во наведениот период од 2023 година, во добра здравствена состојба дома заминаа 6 прематуруси родени во 26 гестациска недела, едно во 25 гестациска недела и два родени во 24 гестациска недела.
    Нашата држава сериозно се доближува до најразвиените земји во светот кога станува збор за преживување и на предвремено родените новороденчињата со најмала гестациска недела и тежина. Клиниката за гинекологија и акушерство се соочува со недостаток на персонал како педијатри и медицински сестри – рече директорката на ГАК, доц.д-р Викторија Јовановска.

    Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ги посети предвремено родените бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img