Во последните неколку месеци целиот регион зборува за разводот на Харис Џиновиќ (72) и неговата 30 години помлада поранешна сопруга, модната дизајнерка Мелина. И додека пејачот јавно коментираше за сè, таа се одлучи за медиумска илегала, а екипата на емисијата „Папарацо лов“ неодамна ја сними во Белград за првпат по разводот.
Српските медиуми тврдат дека таа „арогантно се возела со скапиот автомобил низ српската метропола и ги прекршила сообраќајните правила“. Наводно поминала на црвено светло на семафорот, а потоа непрописно се паркирала и седнала во кафуле, пишува „Блиц“.
Наведуваат и дека фрлила ѓубре низ прозорецот во контејнер, а потоа ја снимиле како пуши цигара пред нејзиниот бутик.
Да потсетиме, парот се разведе по 12 години брак, а Харис во повеќе наврати зборуваше за Мелина и пропаднатиот брак. Зборуваше како Мелина го оставила поради друг маж и му забила нож во грб.
– Не сакам измами, не го сакам најлошиот збор што постои, а го доживеав во овој случај, тоа е предавство. Дадов сè на ова семејство, како и на неа. Живеев живот на семеен човек, мирен човек, домаќин. Но, не е важно, ќе го преживееме предавството. Ја сакав најмногу на светот, секако, ја сакав повеќе од себе – изјави тој во интервју за емисијата „Сцена“ на „Блиц телевизија“.