Во поплавите животот го загубија четири лица во Анкара

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Четири лица загинаа во невремето проследено со поројни дождови во турската престолнина Анкара, соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД)

Спасувачките операции продолжуваат од почетокот на невремето, кое почна пред два дена.

– Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен во поплавите во областа Алтандаг во Анкара – се вели во соопштението, во кое се изразува сочувство до роднините.

Бројот на загинати во поплавите во градот се искачи на четири лица. Претходно беше соопштено за три жртви.

Во различни делови на Анкара автомобилите останаа на патот поради поројниот дожд, поплавени се домови и работни места.

Share This Article