More

    Во понеделник почнува амандманска расправа за ребалансот

    spot_img

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја заврши општата рсправа по ребалансот на Буџетот за 2024 година, а седницата на Комисијата ќе продолжи во понеделник со амандманска расправа.

    И во текот на денешниот трет ден пратениците од владејачките партии обвинуваа дека претходната власт оставила огромна буџетска дупка, која, како што рекоа, ќе биде покриена со домаќинско работење. Опозицијата ја обвини новата власт дека нема разбирање за потребите на граѓаните и дека давала лажни ветувања во предизборитето.

    За власта ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата, а за опозицијата показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата.

    Општата расправа за ребалансот траеше три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амандмани, ќе трае шест дена. На првиот ден од расправата, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за сѐ што треба да се исплати согласно закон.

    Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img