Во полиција вчера биле пријавени три случаи на семејно насилство.
Синоќа 33-годишна жена пријавила дека околу 20.30 часот во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопругa.
Во вториот случај, пак, 20-годишна жена пријавила дека околу 6.00 часот во дом.от во Куманово била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот невенчан сопруг Л.А..
Во третиот случај, 20-годишна девојка пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче, Л.Д. Нападот се случил околу 1.30 часот во Прилеп.
Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите.