More

    Во Париз наскоро ќе се одржи аукција на предмети на француски актери за помош на Украина

    spot_img

    Предмети кои им припаѓаат на француските актери, како што е големата чанта за шминкање на Катрин Денев или наградата Цезар што ја доби режисерот Жак Одијар во 2010 година, ќе бидат понудени на аукција во Париз на 1 декември, а приходите ќе бидат искористени за помош на Украина.Како што соопшти аукциската куќа Аркиријал (Арткуриал), продажбата ја иницирал режисерот Мишел Азанависијус, кој самиот ќе го понуди својот Цезар, наградата на Француската академија за филмска уметност, која ја доби во 2012 година.

    Парите се наменети за платформата за собирање донации (UNITED24) што ја лансираше претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

    „Продажбата е организирана како симбол на поддршката на светот на кинематографијата за Украина“, додаваат од аукциската куќа.

    На аукција ќе се најдат околу 50 предмети, меѓу кои и кацигата на еден од членовите на француската група „Дафт Панк“.

    Почетната цена на секој артикал ќе биде 500 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img