More

    ВО ОВАА КОМПАНИЈА АКО СТЕ ЛОШО РАСПОЛОЖЕНИ, НЕ МОРА ДА ДОАЃАТЕ НА РАБОТА Работниците добиваат 10 слободни денови ако се тажни

    spot_img

    Кинеската компанија Панг Донг Лаи воведе политика за „несреќно отсуство“ за своите работници, која им овозможува на вработените до 10 дена одмор доколку не се добро расположени, се со цел да се промовира поздрав баланс помеѓу работата и животот.

    Основачот и претседател на компанијата, Ју Донглаи, најави дека вработените можат да побараат дополнителни 10 дена одмор, објаснувајќи дека „сите поминуваме низ моменти кога не сме среќни за нешто, поради што смета дека е најдобро да не се дојде на работа“.

    Промената им дава на вработените моќ да одлучуваат за своето слободно време, при што Ју нагласи: „Ова отсуство не може да биде одбиено од раководството. Одбивањето е кршење на правилата“.

    Според правилата за работа на оваа компанија, вработените се обврзани да работат само седум часа дневно, викендите се бесплатни, имаат меѓу 30 и 40 дена одмор, како и пет слободни денови за време на прославата на Лунарната Нова Година.

    – Не сакаме да бидеме големи. Сакаме нашите вработени да имаат здрав и релаксиран живот, за компанијата да има здрава атмосфера. Слободата и љубовта се многу важни – истакна Ју.

    Претходно, компанијата воведе и систем за сертификација на ниво на работа, за кој Ју Донглаи рече: „Дури и чистачот може да заработи до 500.000 јуани (околу 70.000 американски долари) годишно, се додека нивните професионални способности достигнат одредено ниво“.

    Корисниците на кинеските социјални мрежи покажаа силна поддршка за промените што ги воведе компанијата. Еден корисник на Веибо (кинеска социјална мрежа) коментира: „Таков добар шеф и компаниска култура треба да се промовираат на национално ниво“.

    Според истражувањето за анксиозноста на работното место во Кина од 2021 година, повеќе од 65 отсто од вработените се чувствуваат уморни и незадоволни на работа. Ју Донглаи често ја критикуваше културата на кинеските работодавци кои наметнуваат долги работни часови, изјавувајќи: „Принудата на вработените да работат прекувремено е неетичко и ги одзема можностите за личен развој на другите луѓе“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img