More

    Во Осиек може да биде прогласена еко-катастрофа

    spot_img

    Половина милион кубни метри пластика изгореле во пожарот во Осиек, иако во складот, според неговиот капацитет и според законот, не смеело да има повеќе од 20.000, откри вчера Иван Анушиќ, жупанот на Осиек, пренесува Нет.

    – Станува збор за класична злоупотреба на она што е направено овде, неработење на оние кои требало да го контролираат ова, да го спречат кога доаѓале предупредувања – рече Анушиќ.

    Сопственикот на фирмата тврдел дека пожарот сигурно е подметнат.

    – Кај истиот сопственик на фирмата веќе имало неколку пожари и во претходните фирми и секогаш се завршувало со оган – рече Анушиќ.

    Ширењето на пожарот во компанијата за преработка на пластика „Драва интернационал“ повеќе не е опасност, а од хрватската влада ќе се бара да прогласи состојба на еколошка катастрофа. Пожарот е под контрола, но проблем останува ветрот, пишува Јутарни.

    Пожарникарите велат дека „пластиката течела како лава“ и дека еден пожарникар е превезен во болница во Загреб, откако паднал во истопена пластика.

    – Течната пластика течеше како лава. Сите стратегии што ги научивме на обука не функционираа. Моравме да научиме некои други стратегии. Течната пластика гореше под нас, а токму ова беше една од причините зошто настрада еден колега. Денеска ќе го превезат во Загреб, се надевам дека е стабилен и дека патувањето ќе помине добро – изјави еден од пожарникарите за ХРТ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img