More

    Во оружена пресметка кај местото Хоргош на српско-унгарската граница, тројца мигранти загинале, а еден е ранет

    spot_img

    Во оружена пресметка кај местото Хоргош на српско-унгарската граница, тројца мигранти загинале, а еден е ранет. Инцидентот се случил рано утрово по меѓусебна престрелка во напуштените објекти на поранешниот земјоделски имот „Бачка“ кај населеното место Хоргош, односно во пограничниот појас на Србија со Унгарија, потврдија од Полициската управа во Кикинда, јави дописникот на МИА од Белград.

    Престрелката се случила надвор од населениот град Хоргош, но граѓаните на таа населба се вознемирени и од рано утрово на социјалните мрежи пријавуваат за долготрајната пукотница која се слуша од пограничната зона.

    Пукотниците се слушале и во блискиот град Суботица. Според жителите на Суботица, пукањето траело околу 25 минути, а звуците станувале се погласни, како вооружените мигранти да се приближуваат до градот. Граѓаните посочуваат дека рафалните пукотници се слушале во близина на куќите.

    Истрагата е во тек, а на терен се бројни полициски сили на МУП Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img