More

    Во октомври без плата останале 8.462 работници

    spot_img

    Вкупно 5428 работодавачи во државава не доставиле пресметки за исплата на плати на своите вработени, покажува анализата на Управата за јавни приходи (УЈП) за периодот од јануари до крајот на септември 2023.

    – Од нив, 1.912 доцнеле повеќе од 1 месец, а 700 доцнат со платата 9 месеци. Кај сите се преземени соодветни мерки за присилната наплата – рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП на брифинг со новинарите.

    За септември 2023, обврска не ја исполниле 68.893 работодавачи за 552.193 вработени лица. Од нив, пресметка имаат 59.708 работодавачи за 535.058 вработени лица, од кои 47.116 работодавачи за 462. 017 вработени исплатиле палата  во законски рок до 16 октомври, а останатите  со задоцнување.

    До 7 ноември, пресметката не ја доставиле 3.730 работодавачи за 8.673 работници, додека 5.455 работодавачи за 8.462 вработени лица воопшто не поднеле пресметка за октомври 2023.

    Лукаревска вели дека со пресметките за плати во септември доцнат 3.945 работодавачи. Најмногу се од угостителската дејност (241 деловен субјект), товарен патен транспорт (218), адвокатски дејности (161), одржување и поправка на моторни возила (141), фризерски салони и салони за убавина (130).

    Најголем број доцнења има кај 1.552 даночни обврзници од Скопско, а 754 се од Полошкиот Регион.

    Од доцнењето на платата во септември се засегнати 8.700 работници, од кои 6.141 вработени и околу 1500 кои се даночни обврзници со еден вработен.

    Работодавач на најголем број работници зафатени од доцнењето, вкупно 378, е скопска компанија од дејноста чистење згради и објекти, потоа 148 работници се од скопска компанија за приватна заштита, 84 работници се кај работодавач од дејноста високо образование и 79 вработени во јавно претпријатие во Виница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img