More

    ВО ОХРИД СЕ ОДРЖУВА ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА ГИНЕКОЛОЗИ И ОПСТЕТРИЧАРИ

    spot_img

    Градоначалникот Кирил Пецаков вчеравечер присуствуваше на свеченото отворање на Петтиот меѓународен конгрес на гинеколози и опстетричари кој се одржува во Охрид.

    Организатор на конгресот е Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Македонското лекарско друштво.

    Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните истакна:

    -Ми причинува големо задоволство, во мое лично име и во името на Локалната самоуправа да ве поздравам и да ви посакам пријатен престој во Охрид.

    Почестени сме што токму нашиот град е избран, да биде домаќин на овој важен научен собир на кој учествуваат врвни медицински експерти од областа на гинекологијата и акушерството.

    Овој меѓународен конгрес е една исклучителна можност за размена на нови методи за дијагностика и третман, како и за презентација на практични заклучоци за актуелни клинички прашања, кои ќе придонесат за унапредување на женското здравје.

    Сакам да ја искористам оваа можност и да упатам благодарност до Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонското лекарско друштво, кои се организатори на настанот, со надеж дека и во иднина успешно ќе се организираат вакви значајни конгресни собири.

    Почитувани, нашиот туристички бисер Охрид е надалеку познат по својата убавина. Ова е град со уникатна природа и непроценливо културно богатство, кое е препознаено како светско наследство заштитено од УНЕСКО.

    Затоа ве поканувам, вашиот престој тука да го искористите за да посетите дел од нашите вредни културни знаменитости кои се распослани покрај преубавото Охридско Езеро и да понесете незаборавни спомени. Уште еднаш ве поздравувам и ви посакувам да имате успешен конгрес со желби за уште поголеми научни достигнувања во иднина, рече Пецаков во своето обраќање.

    Освен од нашата држава, на конгресот учествуваат медицински експерти од Италија, Турција, Малта, Португалија, Египет, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и истиот се одржува во период на Светската недела на женското здравје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img