More

    ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА ТРИБИНА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

    spot_img

    Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска во Охрид организираа трибина со наслов  „Здружени и гласни за општество без дискриминација: Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид“.

    На трибината свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

    – Чест и задоволство ми е што денес имам можност да бидам дел од оваа трибина на која пред граѓаните на Охрид ќе се промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и ќе се презентира работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

    Се радувам, што водени од нашите определби за социјална правда и инклузија, веќе имаме донесено мерки и законски рамки со кои треба да обезбедиме еднакви можности и подобар живот за сите граѓани. 

    Креирањето на еднакво и праведно општество е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници и државата во целост.

    Само преку заедничка соработка и  единство можеме да дадеме  придонес во борбата против сите облици на дискриминација. Јакнењето на свеста за толерантно општество е значајно и за поголемо почитување и вреднување на човековите права.

    Верувам дека на ваков начин и преку вакви настани и во иднина ќе продолжиме да ја промовираме различноста и  ќе се посветиме на создавање инклузивност во сите сфери на општественото живеење.

    Мораме да се потрудиме да ги учиме и воспитуваме идните генерации на поголема емпатија, љубезност и соживот. Само така ќе бидеме сигурни дека сме на вистинскиот пат и дека градиме подобар свет за сите нас.

    Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка, да ги слушне потребите, да реализира проекти за поголема социјална правда и сигурност. Ќе продолжиме да работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво со цел да обезбедиме подобра иднина за сите граѓани.

    Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа посакувам да имаме успешна и ефективна трибина, со надеж дека и во иднина ќе организираат слични вакви настани, истакна Пецаков

     

    На трибината се разговараше за препознавање на дискриминацијата, начинот на нејзино пријавување, постапката пред Комисијата и начините на отстранување дискриминација.

    Оваа трибина е прва активност во општина Охрид од проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img