More

    Во огромен пожар во Валенсија четири лица загинаа, зградата беше обложена со запалив материјал

    spot_img

    Најмалку четири лица загинаа во пожар што зафати зграда во областа Кампанар во Валенсија, потврди заменик директорот за итни случаи Хорхе Суарез.

    Се трага по уште 19 исчезнати лица кои според нивните блиски се уште не се лоцирани. Пожар од големи размери зафатил две големи згради во кои живеат околу 450 жители, иако, нагласуваат локалните власти, таа бројка може да варира, пишува Ел Паис.

    За само половина час пламените јазици ја зафатиле целата зграда, која била завршена во 2008 година, пренесува Јутарњи лист.

    Пламенот со огромна брзина се проширил на алуминиумските панели на фасадата, кои се обложени со полиуретан, силно запалив материјал, што го потврдила и Естер Пучадес од Технолошко-техничкиот факултет, која извршила вештачење во истиот објект. За ширење на пожарот придонесе силниот ветер.Тој материјал е легален, но повеќе не се користи во оваа ера по трагедијата во Лондон кога изгоре зградата Гренфел Тауер каде што животот го загубија 72 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img