Во областа Авлиотес на северот на Крф, денеска напладне избувна голем пожар, кој брзо стигна во близина на станбени згради и напуштен хотел.
Противпожарната служба веднаш реагирала и на терен испратила 32 пожарникари, поддржани од 16 возила, 4 авиони и еден хеликоптер.
Силниот ветер што дува на островот ја отежнува ситуацијата со гаснењето на пожарот. Надлежните служби ги известиле жителите итно да се евакуираат во пристаништето Агиос Стефанос заради нивна безбедност.
Куќите се загрозени, а ветерот го отежнува гаснењето на пожарот, јавува ЕРТ.
Весникот „Катимерини“ повикувајќи се на очевидци, пренесува дека пожарот избувнал на три различни места.