More

    Во Њу Орлеанс глувци изеле 100 килограми Марихуана,сите биле дрогирани

    spot_img

    Полициски службеници во Њу Орлеанс се соочија со уништувачи на наркотици кои упаднале во просторија со докази во седиштето на полицијата и елиминирале (изеле) цел пакет со одземена марихуана.

    „Глувци ја јадат нашата марихуана. Сите се дрогирани“, изјави Ана Киркпатрик, шефица на градската полициска управа.

    Од советниците во градот, таа побара финансиски средства за нови простории за полициската управа, со образложение дека сегашната зграда во центарот е изградена во 1968 година и повеќе не е погодна за работа на нејзините колеги.

    Случајот во Њу Орлеанс не е прв со глодари кои покажале наклонетост кон марихуана. „Си-Ен-Ен“ во 2022 година извести за случај со глувци во северна Индија кои изгрицкале над 500 килограми канабис кој бил запленет од дилери на дрога и сместен во полициски магацин.

    Четири години подоцна „Гардијан“ објави приказна за осум полицајци во Аргентина кои биле отпуштени, бидејќи властите одбиле да поверуваат во нивните тврдења дека глувци изеле половина тон марихуана која исчезнала од складиште со запленета дрога на околу 50 километри северозападно од Буенос Аирес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img