Во неколку земји во регионот, како и во САД и во Европа се враќаат инфекциите со коронавирус со новооткриената варијанта „E.G 5.1“ позната како „Ерис

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во неколку земји во регионот, како и во САД и во Европа се враќаат инфекциите со коронавирус со новооткриената варијанта „E.G 5.1“ позната како „Ерис“. Сепак, моменталната состојба со вирусот во светот и кај нас е стабилна и нема место за паника, смируваат здравствените власти.

Од Министерството за здравство за Плусинфо информираат дека, според податоците на Институтот за јавно здравје до 10 август во Македонија се пријавени 10 позитивни случаи на ковид-19, додека во јули биле регистрирани 23 пациенти. Во овие два месеца нема починати лица како последица на коронавирусот.

Оттаму истакнуваат дека Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во следниот период не се очекува нов бран.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски за Плусинфо вели дека нема место за паника од нов корона-бран.

– Секако дека ги следиме сите информации кои се поврзани со подваријантата „Ерис“ и сè што е поврзано со неа. Комисијата во јули немаше состанок, но имавме редовна комуникација меѓу себе и со сите релевантни институции, ИЈЗ, Инфективна клиника, Министерство за здравство – вели Петличковски.

Тој додаде дека во следните неколку дена можен е состанок на Комисијата за заразни болести но не прецизира кога точно ќе се случи.

„Ерис“ не е толку заразен

Претходно и епидемиологот д-р Драган Даниловски во изјава за ТВ Сител рече дека новата подваријанта „Ерис“ ја губи моќта за разлика од претходните соеви, но и дека е создаден природен имунитет меѓу населението и поради тоа тој не очекува некој посериозен бран.

– Сметам дека нема простор за загриженост за новиот сој на ковид-19. Уште кога се појави варијантата Омикрон со сите нејзини суб-варијанти велев дека тоа е практично крај на коронавирусот. Не е крај во смисла да биде исчезнат, затоа што тој ќе си постои и понатаму, но веќе му се искршени забите, истапени му се ноктите. Така, новопојавениот сој т.н. „Ерис“ не е толку заразен како претходните – рече д-р Даниловски за ТВ Сител.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека новиот сој полесно се шири во САД и во Велика Британија бидејќи во овие земји голем број од заразените се постара популација.

– Ние на еден потежок начин се изборивме за еден имунолошки бедем и мислам дека кај нас тоа апсолутно нема да биде перципирано како што беше на почетокот на пандемијата. Можеби само од академските кругови, чисто поради статистика – рече Даниловски.

Благ пораст на заболени во Албанија 

- Advertisement -
Ad image

Тиранските медиуми денеска пишуваат дека инфекциите со коронавирус повторно се вратиле во земјата, без да наведат бројки на заболени.

Стручни лица од Институтот за јавно здравје информирале дека во јули имало благ пораст на заболените во некои општини во државата.

– Епидемиолошката состојба е стабилна. Карактеристично е благо зголемување на случаите со ковид во јули во однос на јуни. Зголемување на бројот на заразени е забележано во 15 општини, во 30 општини нема регистрани случаи. Намалување на бројот на заболени е забележано во 17 општини – изјави Артан Симаку, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

Според него, во Албанија сѐ уште не е изолирана новата варијанта на ковид, E.G 5.1.

Оваа варијантата е поврзана со омикронската подваријанта наречена „KSBB. 1.9.2“ и расте во Британија, Кина и во САД.

Варијанта од интерес

Светската здравствена организација (СЗО) новата подваријанта на ковид ЕГ.5, неофицијално наречена Ерис, ја прогласи за „варијанта од интерес“, повикувајќи ги земјите да обрнат внимание во време кога бројот на заразени луѓе во светот се зголемува.

„Варијанти од интерес“ се оние соеви за кои е познато дека полесно се пренесуваат, предизвикуваат потешки форми на болести или го заобиколуваат имунолошкиот систем и се шират во неколку различни земји, јави Би-Би-Си.

СЗО oбјави дека подваријантата EG.5 не претставува голема закана за јавното здравје и дека нема докази дека предизвикува потешка болест во споредба со другите варијанти кои моментално циркулираат.

– Врз основа на достапните докази, ризикот за јавно здравје предизвикан од „EG. 5.1“ е оценет како низок на глобално ниво, соопшти агенцијата, додавајќи дека ризикот се чини дека е на исто ниво со другите вируси кои вообичаено циркулираат. Иако „EG. 5.1“ покажа зголемена преваленца, предност во растот и својства на имунодефициенција, до денес нема пријавени промени во тежината на болеста – информираа од СЗО.

Share This Article