Состојбата со скривниците стана актуелна деновиве по руската инвазија во Украина, каде најголемиот дел од граѓаните се засолнуваат, а во нашата држава скривниците се продаваат на огласи на интернет, објави Телма.
За три евра по квадрат, сопственикот на скривница од Битола вели дека веднаш ја продал. При огласувањата на недвижностите на интернет, покрај основните карактеристики, со големи букви се нагласува дека имотот има „СКРИВНИЦА“.
Засолништата низ Македонија во најголем дел се запуштени, обраснати со дрвја и полни со смет. Во случај на вонредна состојба, луѓето нема да можат да ги користат.
До пред 17 години, со нив стопанисуваше Министерството за одбрана, а во 2005 година Владата им ги додели на Дирекцијата за заштита и спасување на трајно користење. Оттаму информираат дека на целата територија на државата има околу 100 скривници, од кои само дел се функционални.
Фото: Телма/Принтскрин