Во напад со нож на Иродовата порта во Ерусалим утринава се ранети маж и жена полицаец на границата, потврди израелската полиција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во напад со нож на Иродовата порта во Ерусалим утринава се ранети маж и жена полицаец на границата, потврди израелската полиција. Според извештаите, нападот се случил во близина на израелска полициска станица во главниот град, пишува „Џерусалим пост“.
Состојбата на ранетата полицајка се влошила и таа сега е во критична состојба. Другиот полицаец е исто така повреден, но не ево критична состојба, соопштија од полицијата. Напаѓачот бил убиен од полицајци кои реагирале на местото на нападот.
Полициските службеници почнале да собираат докази на местото на настанот и да ја проверуваат областа за да ја отфрлат можноста за други соучесници во нападот.
Полицијата го идентификувала напаѓачот како 16-годишен жител на населбата Исавија во источен Ерусалим. Во близина е приведен уште еден осомничен и според полициските извори „се истражува неговата поврзаност со терористот и нападот“.
-Кога пристигнав на местото на настанот, случајните минувачи рекоа дека терористот е неутрализиран. Им пруживме прва помош на една жена на 20-годишна возраст која беше тешко повредена и еден млад човек кој се здоби со полесни повреди. Тие потоа беа пренесени во болница за понатамошно лекување – изјави Елад Ревансери, волонтер на организацијата Јунајтед Хацалах.
Нападот доаѓа во време на зголемени тензии во Источен Ерусалим и на Западниот Брег, додека Израел води жестока војна против Хамас во Појасот Газа. Минатиот месец двајца полицајци беа ранети, од кои еден тешко, во пукање пред истата полициска станица во Ерусалим.

Share This Article