More

    Во најмалку 34 населени места во државата итно се потребни нови пречистителни станици

    spot_img

    Во најмалку 34 населени места во државата итно се потребни нови пречистителни станици. Дури 17 пречистителни станици во Северна Македонија се комплетно нефункционални.

    Отпадните води од домаќинствата и индустријата се сериозен проблем за животната средина, но државата не одвојува средства ниту за модернизирање на постоечките, ниту за изградба на нови пречистителни станици, поради како што велат, недостигот на средства за инвестиции.

    Решение постои во средствата од околу половина милијарда евра за нови пречистителни станици од меѓународни фондови и ЕУ, но за да се дојде до нив потребно е знаење и капацитет на институциите за изработка и управување со проектите.

    Првиот проблем со кој се соочуваат општините и јавните претпријатија е недостигот на стручни лица кои знаат да подготват проектна документација и апликација, како и да го водат процесот од идеја до изградба и ефикасно управување со процесите во пречистителните станици. Со други зборови, недостасува интерес и знаење.

    Како една од ретките сериозни можности за излегување од крајно неповолната ситуација е програмата за пречистителни станици на RCDN, која спроведува обуки за трите најважни сегменти од овој проблем:

    1. Oбука за градоначалниците, министерствата, директорите на јавните претпријатија, да носат одговорни одлуки, бидејќи пречистителните станици се голема инвестиција каде не смеат да се дозволат никакви експерименти и импровизации.

    2. Oбука за инженери и менаџери за тоа што сѐ е потребно за подготовка, пишување проект и апликација и управување со процесот на изработка на документацијата.

    3. Обука за персоналот во постоечките станици, за надградба на знаења и вештини и зголемување на ефикасноста на работењето на станиците и нивното одржување, како и намалување на трошоците за третман на отпадните води.

    Повеќе детали за програмата за обуки и каде да се пријавите за нив можете да дознаете на линкот.

    Доколку јавноста биде гласна и побара решение, локалните власти и јавните претпријатија ќе мораат да реагираат на овој огромен и опасен проблем.

    За да не се исклучуваат станиците со цел да не трошат струја, туку да работат ефикасно и со пониски трошоци.

    За сите населени места да добијат пречистителни станици и незагадена вода.

    За сигурна и безбедна животна средина.

    Ова се проблеми кои мора да ги решаваме денес, зашто утре ќе биде доцна. Времето истекува…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img