Во морето исчезнаа најмалку 59 мигранти, а девет се спасени откако едреник потона југоисточно од грчкиот остров Евија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во морето исчезнаа најмалку 59 мигранти, а девет се спасени откако едреник потона југоисточно од грчкиот остров Евија. Во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба по можни други преживеани, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова е втора несреќа со мигранти во Грција за помалку од 24 часа, откако вчера се преврте чамец со 12 лица во близина на островот Самос и беа спасени четири мигранти.

Портпаролот на крајбрежната служба на Грција Никос Кокалас за грчката телевизија ЕРТ рече дека спасувачката акција кај Евија е во тек од рано утрово, се води под лоши временски услови поради силниот ветер, а веќе се спасени девет лица, кои се од Авганистан, Египет и Иран.

– Првичните информации се дека тргнале од Измир. Во едрилицата, според изјавите на спасените, имало околу 68 лица. Во овој момент не можат да ни ја кажат точната бројка – рече Кокалас.

Во однос на несреќата што вчера се случи во морскиот дел јужно од островот Самос, тој објасни дека и таму продолжува спасувачката акција што траеше и во текот на ноќта. Од чамецот што се превртил спасени се четири лица, кои рекле дека во него имало вкупно 12, а се трага по останатите. Кокалас истакна дека кај Самос акцијата се води во добри временски услови.

Share This Article